Тајните на убедливите луѓе

covecinja

Фото: Pixabay

Моќта на убедувањето е вештина која е многу важна за успехот во животот.

Убедливите луѓе имаат чудна способност да ве натераат да мислите како нив. Нивното тајно оружје е допадливоста. Тие умеат да ве убедат не само да ги сакате нивните идеи, туку да ги засакате и нив.

Еве како го постигнуваат тоа:

Си ја знаат публиката

Добро знаат со кого зборуваат, па според тоа го користат “јазикот” на публиката и така полесно можат да го убедат соговорникот во она што го зборуваат.

Се поврзуваат

Убедливите луѓе умеат да се поврзат со соговорниците. Луѓето повеќе ќе го прифатат тоа што го зборувате доколку знаат каква личност сте и вие самите.

Не се настојчиви

Агресивноста и настојчивоста не се омилени карактеристики кога сакате да убедите некого во нешто. Убедливите луѓе настапуваат смирено, суптилно, со умерена доза на самодоверба.

Не се плашат

Кога се обидувате да бидете убедливи, нема место за страв и срам. Зборовите од типот “мислам”, “можно е”, “најверојатно” се елиминирани од речникот.

Користат позитивен говор на телото

Ентузијастички тон, отворени раце, гледање во очи, наклон кон личноста на која ѝ се обраќате, сето тоа придонесува за подобро да ве прифатат луѓето и да застанат на ваша страна.

Искрени се

Не се претставуваат како некој друг и се чувствуваат удобно во својата кожа. Искрени се и го кажуваат тоа што го мислат.

Јасни се и концизни

Убедливите луѓе знаат кратко и јасно да го кажат тоа што сакаат да го кажат, не одолговлекуваат, не се расплинуваат со празни муабети.

Оставаат силен прв впечаток

Првиот впечаток е многу важен за понатамошниот развој на настаните. Насмевка, позитивен говор на телото, сигурност во настапот се само дел од елементите кои заедно придонесуваат за допадливост во истиот момент.