
Германскиот суфицит во надворешната трговија се намали во септември од 17,9 милијарди евра во август на 15,6 милијарди евра, бидејќи увозот порасна двојно побрзо од извозот, покажуваат прелиминарните, календарски и сезонски прилагодени податоци од Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис) објавени денес.
Германскиот извоз се зголеми за два проценти во споредба со август на 141,1 милијарди евра, додека увозот се зголеми за 4,2 проценти на 125,5 милијарди евра, се наведува во извештајот.
Во септември, Германија извезе стоки во вредност од 80,8 милијарди евра во другите членки на Европската унија, што е за 3,5 проценти повеќе отколку во август, додека увозот од тие земји се зголеми за 4,9 проценти, на 62,9 милијарди евра.











