Европските берзи во благ раст, во фокусот се банките

Европските акции денес се во мал плус, при што банките и рударскиот сектор го предводат растот, додека технолошките акции сè уште се под притисок, а цената на нафтата Брент падна на околу 96 долари за барел.

Според податоците од берзата во 9:30 часот наутро, цената на Брент падна за 1,72 проценти на 96,628 долари за барел, а лесната американска нафта WTI за 1,21 процент на 89,707 долари.

Европските фјучерси за гас за декември беа продадени денес на отворањето на берзата во Амстердам TTF по цена од 87,245 евра за мегават-час.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 проценти во 9:30 часот наутро.

Во исто време, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,31 процент, на 10.707 поени, додека франкфуртскиот DAX се зголеми за 0,37 проценти, на 25.918 поени, а парискиот CAC за 0,19 проценти, на 8.155 поени.

Цените на акциите во рударскиот сектор пораснаа најмногу утрово, во просек за 1,4 проценти, благодарение на порастот на цените на скапоцените метали.

Банкарскиот сектор е исто така во фокусот на инвеститорите, откако француската банка Credit Agricole предложи спојување на нејзината италијанска подружница со Banco BPM, со што би се создала третата најголема италијанска банка.

Цената на акциите на Banco BPM скокна за повеќе од 9 проценти, додека акцијата на Credit Agricola падна за 1,4 проценти.

Од друга страна, цената на акциите на „УниКредит“ порасна за 3,6 проценти, по значително подобрите квартални деловни резултати од очекуваните.

И покрај ова, европските берзи тргуваат претпазливо, бидејќи инвеститорите се загрижени за притисокот врз технолошкиот сектор, што предизвика остар пад на берзите на Волстрит и на азиските берзи минатата недела.