Технолошкиот гигант Google ќе лансира експериментален портал, кој што ќе им овозможи на сите заинтересирани носители на патент да го продадат својот изум на компанијата, пишува Reuters.
Сопствениците на патенти, преку овој портал, ќе може да го информираат Google за нивниот заштитен изум, како и цената по која очекуваат да го продадат.
Програмата за купување на патенти ќе биде отворена од осми до 22-ри мај оваа година.
Имињата на сопствениците на патенти ќе бидат информирани до 26-ти јуни за тоа дали компанијата е заинтересирана за нивниот патент, а исплатата на парите ќе биде до крајот на август.