На 88 години почина првиот човек на познатата француска компанија за производство на гуми, Michelin, Франсоа Мишелин, пишува Њујорк Тајмс.
Неговата смрт беше објавена во средата од групацијата Michelin без да се откриваат повеќе детали.
Компанијата Michelin започна како мал семеен бизнис за производство на пневматици за автомобили од страна на неговиот дедо Едуар Мишелин. Франсоа го презеде ко-управувањето со семејната компанија во 1955 година, кога Michelin беше рангирана меѓу 10-те најдобри производители на гуми.
Минатата година компанијата оствари годишен приход од 19,5 милијарди евра. Michelin располага со 112.000 вработени во 170 земји во светот.