Употребата на паметни уреди го олеснува начинот на живот во технолошка смисла, но изумот на група експерти од Хрватска може да го промени односот кон облеката.
Станува збор за паметна јакна која активно го штити корисникот од ниски температури и која по своите својства ја надминува конвенционалната облека. За реализација на ова паметно парче облека со адаптивни термоизолациони својства беа вклучени експерти од повеќе области, пишува Пословни дневник.
Тимот го чинат Дубравко Рогале, Снежана Фиршт Рогале, Гојко Николиќ и Звонко Драгичевиќ од Заводот за текстилна технологија на Текстилно – технолошкиот факултет на Хрватска. Членовите имаат повеќе од 20 патенти, од кои пет се однесуваат на паметна облека.
Нивниот изум ја регистрира состојбата во околината, како и телесната топлина на лицата кои ја носат и автоматски се прилагодува на температурните промени, така што автоматски ги поставуваат оптималните термоизолациони својства.