Нарачките од McDonald’s од сега ќе можат да се понесат во хартиена кесичка што се трансформира во послужавник.
Торбичката е всушност дело на McDonald’s од Унгарија и маркетинг агенцијата DDB Budapest, пишува Бизнис Инсајдер.
Со лесен потег хартиената кеса се кине и останува само долниот дел којшто е доволно цврст да замени послужавник додека не го изедете вашиот омилен оброк.