Оглас за најдобра работа во Хрватска: Чувар на трева со плата од 990 евра за две недели

126

robotska kosilka

Огласот за работа што предизвика внимание кај многумина, за работното место чувар на трева, најверојатно е најдоброто работно место што во овој момент се нуди во Хрватска, пишува Пословни дневник.

Привлечната плата од 990 евра за две недели престој на свеж воздух го привлече вниманието на голем број на луѓе, па интерес покажуваат дури и оние што се веќе вработени.

“Бараме личност која добро се снаоѓа на социјалните мрежи, која ќе внимава тревната површина да изгледа одлично, па затоа работно место го нарековме ’чувар на трева’. Не бараме кандидатот да ја коси тревата, бидејќи тоа е задача на нашата роботска косилка. Чуварот на тревата ќе треба да биде само во близина, да следи како работи косилката и преку социјалните мрежи и со комуникација со луѓето да го промовира нашиот производ“, вели Мартина Дрезга, директорка на компанијата Дрезга, која ја застапува компанијата Husqvarna во Хрватска.

Станува збор за паметната косилка Husqvarna Automower®, која сама ја коси потребната површина со трева, а кога ќе забележи дека батеријата е празна, благодарение на паметната технологија, сама доаѓа до полначот.

Ова работно место во Загреб ќе биде отворено од 29 јуни до 12 јули, а огласот може да се најде на хрватските портали за работа, на Facebook и на интернет страницата на Husqvarna.