Високи потпетици што не предизвикуваат болка

80

visoki potpetici

Секоја жена би сакала во целост да ужива во носењето високи потпетици, но силните болки во нозете ги колебаат и ги принудуваат да бараат нови решенија.

Доли Сајн, која пет години работеше како директорка во компанијата Space X и секојдневно носеше високи потпетици на своето работно место, одлучи да и се спротивстави на болката во нозете. Таа ангажира астрофизичар, ортопедски хирург и моден дизајнер за да создаде чевли што ќе бидат убави и удобни, пишува Bloomberg.

Thesis-Couture

“Штом ќе ја надминете 30-тата година од животот, вашето тело се менува. Ги сакам високите потпетици уште кога имав 17 години, но потоа почнав да ги презирам“, вели Сајн, која е основач на модно – технолошката компанија Thesis Couture.

Овие чевли не се направени од стандарден материјал, бидејќи за нив се користи висококвалитетна пластика и полимер што им ја даваат потребната удобност на високите потпетици.

517803-3a6e4098-f1f6-11e4-9134-cf9443e7fd03

Се очекува оваа година да бидат изработени 1.500 пара чевли со цена од по 925 долари.