Неодамна отворениот хотел во Мумбај, Индија е веќе едно од омилените места кога станува збор за деловни состаноци. Тука најчесто престојуваат бизнисмени од познати светски компании, кога се во работна посета на градот.
Луксузниот хотел има вкупно 585 соби, од кои 210 со поглед на големиот базен надвор. Тука е и кафулето JW, кое е во состав на ресторанот, каде се нуди традиционална храна од неколку места во светот.
Покрај пространите конференциски сали совршени за бизнис средби, хотелот има и ексклузивен спа центар каде гостите можат да се опуштат и да уживаат во најдобрите третмани за релаксирање и подмладување.