Хотел Sheraton ќе се гради во Подгорица

72

atlas kapital centar

Црногорската престолнина следната година, освен Hilton, ќе добие уште еден хотел од светско реноме – Sheraton, пишува порталот Vijesti.me.

Abu Dhabi Financial Group (ADFG), сопственик на Atlas Capital Center, успешно ги заврши преговорите со светски познатиот синџир на хотели Sheraton. Во овој центар ќе биде отворен хотел во чија изградба ќе се вложат 11 милиони долари.

Во центарот на Подгорица, на темелите на култниот хотел Црна Гора, се гради хотелот Hilton, којшто се очекува да биде финализиран кон средината на следната година.