Дубровник доби паметна светилка со сензори за движење, загаденост, температура…

44

pametna svetilka

Хрватскиот град Дубровник доби паметна светилка, имплементирана од страна на Хрватски Телеком како дел од инфраструктурниот проект Паметен град, пишува Пословни дневник.

Станува збор за првата демо светилка во Европа, којашто во себе има интегриран мултифункционален сензорски систем.

Оваа светилка се разликува од останатите по тоа што во истата се вградени сензори за движење, загаденост на воздухот, температурата и звуците, а може да се поврзе и со видео камера.

“Дубровник пред 1.000 години беше основан на најнапредната технологија од тој период. По тој пат продолжуваме и денес, како предводници на новата технологија на паметните градови“, изјави Андреа Новаковиќ од Развојната агенција на Град Дубровник.