Попладневен чај со Пепелашка

64

luksuz-delicious-cinderella-pepeljuga-99Со цел да се прослави излегување на новиот дизниев филм Пепелашка, хотелот Jumeirah Carlton Tower во Лондон подготвува специјален настан.

Станува збор за една посебна попладневна “чајанка” во нивниот ресторан Chinoiserie, со тематика Пепелашка. Слатките за чајанката се дело на главниот слаткар од ресторанот Стефан Вил, а истите се преубави, како однадвор, така и одвнатре.

Ресторанот во своето мени нуди и многу други специјалитети, а најмногу е познат по шкотското говедско, сендвичот со пире од рен, како и превкусните десерти.

Луксузниот хотел со пет ѕвезди се наоѓа во срцето на Лондон во близина на стоковните куќи Harrods и Harvey Nichols.

luksuz-delicious-cinderella-pepeljuga (1)luksuz-delicious-cinderella-pepeljuga (4)luksuz-delicious-cinderella-pepeljuga (2)