Редок 25,59 каратен рубин од Мјанмар наречен Sunrise Ruby или pigeon blood (крвта на гулабот), се продаде за рекордни 30,33 милиони долари на аукција во Женева.
Според аукциската куќа Sotheby’s, на аукцијата имало голема заинтересираност за обоени скапоцени камења и ретки природни бисери.
По долго наддавање, рубинот отиде во рацете на анонимен сопственик кој телефонски ја понуди победничката сума од 26,25 милиони франци (30,33 милиони долари).
Sunrise Ruby, дел од колекцијата на Cartier наменета за аукција, се очекуваше да достигне цена од 12 до 18 милиони долари.
Од аукциската куќа додаваат дека ова е рекордна цена за рубин, како и за скапоцен камен од Cartier.