Во Саудиска Арабија ќе биде изграден најголемиот хотел во светот наречен Абрај Кудаи, пишува Arabian Business.
Планирано е мега зданието да содржи 10.000 соби во 12 различни кули што ќе изгледаат како модерна пустинска тврдина.
Хотелот ќе зафаќа површина од 1,4 милиони метри квадратни, а ќе биде лоциран во областа Манафиа, односно центарот на Мека.
За неговата изградба ќе бидат одвоени 3,5 милијарди долари, а истиот ќе вклучува и 70 ресторани, хелиодром на покривот, голем центар за собири и друго.
Десет од дванаесетте кули ќе нудат сместување со четири ѕвезди, додека останатите две ќе бидат ултра луксузни со пет ѕвезди.
Абрај Кудаи се очекува да биде комплетиран во 2017 година.