Доследното спроведување на стратешката политика на групацијата Триглав имаше влијание на успешното работење на групацијата во првите три месеци од оваа година, се вели во соопштението на компанијата.
Споредено со првиот квартал од минатата година, групацијата Триглав оствари нето добивка повисока за 22% (31,1 милиони евра) и реализира 2% повисока бруто полисирана премија од осигурување и со-осигурување (260,1 милиони евра).