Најновата колекција префинет накит на француската модна куќа Louis Vuitton ја одбележува врвната изработка и стил, но најмногу од се познатиот симбол на брендот – монограмот.
Линијата која што беше претставена на почетокот на годината, својата инспирација ја пронајде во пет теми: Idylle, Sun, Star, Fusion и Dentelle. Секоја од нив отсликува нова форма на ултра популарниот симбол на еден многу елегантен и софистициран начин.
Monogram Sun се одликува со генијалност во изработката, а вклучува обетки, амблемски цвет, прстен и ланче од розово злато и дијаманти.
Светски познатиот монограм на Louis Vuitton е креиран во далечната 1896 година од страна на основачот на брендот, Жорж Витон.