Пиварницата Brussels Beer Project (BBP) го користи стариот леб за да произведува пиво. Станува збор за пивото Baby lonе, за чие производство освен јачменов слад, се користи стар леб.
BBP е дел од проект за оддржлив развој, социјална одговорност и фаворизирање на квалитетот во рамки на непрофитната организациja CODUCO.
За да може да стигне овој ресурс до пиварницата, задолжена е невладината организација Groot Eiland, којашто го собира непродадениот леб, го меле и на крајот ја создава потребната суровина за ова пиво.
“Нашата иновација нè води кон историјата на Вавилон. Пред 7.000 години, нашите предци правеле пиво во вид на каша направена од ферментиран леб“, стои на официјалната страница на овој проект.
За два месеци се употребени околу два тони стар леб, а новото пиво под брендот Baby Lone, што асоцира на Вавилон, со 6,5% алкохол е веќе дел од менијата на многу пабови и ресторани во Брисел.