Рекордни казни за големи светски банки

42

Bank Teller Counting Money for Customer

Четири големи светски банки ја признаа вината за измама со каматни стапки и манипулации на девизниот пазар, за што ќе треба да платат казна од околу шест милијарди долари, пишува Reuters.

Citigroup, JPMorgan Chase & Co, Barclays Plc, UBS AG и Royal Bank of Scotland Plc. се обвинети од страна на американски и британски регулаторни тела поради измама на нивните клиенти.

Сите овие банки, освен UBS се изјаснија за виновни за манипулирање со цената на доларот и еврото кои што се разменуваат на пазарот на девизи.

Според американски судски власти, она што го правеле овие банки им наштетило на голем број корисници, инвестиции и институции ширум светот.