Airbus ќе гради фабрика за хеликоптери во Романија

23

airbus

Европскиот производител на авиони Airbus планира да изгради нова фабрика за хеликоптери во Романија, пишува Balkan Insight.

Фабриката ќе се гради во романскиот град Брашов, ќе се протега на површина од 27.000 метри квадратни, а ќе чини 40 милиони евра.

Се очекува првиот цивилен хеликоптер од таа фабрика да биде финализиран во 2017 година, а една година подоцна ќе почне производството на воени хеликоптери.

Airbus Helicopters е сегмент за производство на овие летала во рамки на групацијата Airbus Group. Станува збор за една од водечките компании за производство на хеликоптери, со седиште во Марсеј, Франција, како и со производни погони во Бразил, Австралија, Шпанија и САД.