Кина ќе добие стаклен мост во облаците

42

ip_prof_architect_haim_dotan_zhangjiajie_glass_bridge-5__18052015Во националниот парк Zhangjiajie, во кинеската провинција Хунан ќе никне најголемиот, најдолгиот и највисокиот стаклен мост во светот. Ова чудо,  кое ќе се издига на височина од 300 метри, е дело на израелскиот архитект Хаим Дотан.

Стаклениот мост или Grand Canyon Glass Bridge се очекува да биде комплетиран во јули, а официјално да се отвори во октомври, јавува CNN.

ip_prof_architect_haim_dotan_zhangjiajie_glass_bridge-1_18052015

Мостот, којшто ќе поврзува две масивни карпи, ќе биде долг 430, широк 6 метри и ќе може одеднаш да смести 800 луѓе. Истиот ќе се користи повремено и како писта за модни ревии, а најхрабрите ќе можат да го почувствуваат адреналинот со банџи џампинг.

150518102214-zhangjiajie-glass-bridge-03-super-169