Ветерници без елипси ќе произведуваат поевтина електрична енергија

66

vortex

Ветерница без елипси е најновиот изум на шпанската компанија Vortex, која има за задача да произведува “зелена“ енергија. Станува збор за високи бели столбови, кои немаат елипси, а енергијата ја произведуваат преку осцилации од ветрот.

vortex 123

Ефектот “вител“ овие ветерници го постигнуваат со посебниот вид на магнети, со чија помош вибрираат без оглед на силината на ветерот. Додека вибрираат тие ја произведуваат енергијата, што е за околу 40% поевтина од онаа што произведуваат ветерници со елипси. Производството и одржувањето на овој вид ветерници е поевтин за разлика од ветерниците кои имаат елипси.

vortex 1

Се очекува првите помали модели од овие ветерници на пазарот да се појават следната година, а поголемите модели во 2018 година.