Милионер од Кина, сопственик на NetDragon, оператор за онлајн игри, го моделираше изгледот на својата компанија во стилот на познатиот Enterprise од популарната серија Star Trek, јавува Wall Street Journal.
Зданието е долго 260, широко 100 метри и се простира на шест ката, а за неговата изградба беа потрошени 97 милиони долари.
Сопственикот на компанијата, Лиу Деиан е голем фан на Star Trek и токму затоа се одлучил на ваков чекор, откако CBS, којшто ги има правата над серијата, ја одобри градбата.
Конструкцијата започна во 2010 година, а истата беше комплетирана во мај 2014.
Интересно е што во една од просториите се наоѓа реплика на Тираносаурус Рекс во неговата природна големина.