Претседателот на American Express, Ед Гилиган, почина ненадејно на 55-годишна возраст, пишува Business Insider.
Гилиган почувствувал силни болки додека патувал кон Њујорк.
“Ова е навистина тажна и болна вест за сите што имаа одлична можност да соработуваат со Ед и да имаат корист од негово лидерство и ентузијазам“, изјави извршниот директор на компанијата, Кен Ченоу.
Гилиган стана претседател на American Express во април 2013 година, откако од 2007 година беше заменик претседател на компанијата. Тој се вклучи во компанијата за кредитни картички и финансиски услуги во 1980 година.