Легендарниот имот Neverland, кој беше во сопственост на кралот на поп музиката Мајкл Џексон, е ставен на продажба.
Имотот со локација во Санта Барбара, Калифорнија е истовремено и тематски парк со диви животни, забавни железници и раскошни градини. Ранчот, чија цена е 100 милиони долари, вклучува 22 градби, пишува Wall Street Journal.
Животните од имотот се отстранети освен една лама, направена е мала реконструкција на истиот и сега носи ново име – Sycamore Valley Ranch.
Некогашниот Neverland беше реновиран од страна на една инвестициска фирма, а неколку агенти моментално се во потрага по купувач.
Главната куќа на имотот располага со шест спални соби, домашно кино и сцена за различни претстави и шоуа.
Мајкл Џексон го купи имотот во 1987 година за 19,5 милиони долари и живееше таму повеќе од 15 години.