Двете крајбрежја на познатото туристичко место во Белград – Ада Циганлија ќе се поврзат со жичница, пишува порталот Вечерње новости.
Станува збор за рекреативно – адреналинска атракција позната како Zip line. Со оваа своевидна жичница, посетителите ќе може да преминат од едната на другата страна на крејбрежјето.
“Zip line е своевидно возење, односно спуштање со сајла од едниот крај на другиот крај на реката, односно езерото. Граѓаните ќе имаат можност со специјална жица да преминат околу 350 метри и тоа на висина од 18 метри, со посебно панорамско уживање. Ќе бидат инсталирани две ленти од двете насоки по две линии“, вели Саша Мандиќ од компанијата Zip line, којашто е задолжена за поставување на жичницата.