За здрави бубрези

47

brusnica-pexels

Фото: Pexels

Освен физичка активност, одбегнување на цигари, сол и шеќер, за здрави бубрези е многу важна правилната исхрана.

Затоа задолжитено во менито внесете ги следниве намирнци:

Лук

Лукот благотворно делува доколку страдате од воспаленија, а го намалува и холестеролот.

Кељ, брокули, карфиол

Овие зеленчуци имаат многу влакна, како и витамин Ц и К, кои се многу потребни за правилна работа на бубрезите.

Магдонос

Магдоносот е намирница која ги чисти бубрезите од токсините.  Најдобро е да го пиете како чај.

Риба

Лососот и сардината се богати со здрави масти. Болните од дијабет со редовна конзумација на риба можат  значително да го намалат ризикот од бубрежни болести.

Брусница

Брусниците се богати со антиоксиданси  кои позитивно делуваат во многу случаи. Ова бобичесто овошје содржи и кинин кој што ги исфрла киселините од бубрезите.