Најл Најами, филмски продуцент кој сега работи како инвеститор, ја гради најскапата вила во светот, во престижното предградие на Лос Анџелес, Бел Ер, пишува Metro.co.uk.
Рекордот за најскапа градба од овој тип моментално го држи пентхаус во Лондон, чија цена е 221 милиони долари.
Цената на мега вилата која е во изградба ќе изнесува неверојатни 500 милиони долари, сума што значително ќе го надмине досегашниот рекорд.
Имотот ќе зафаќа површина од 100.000 метри квадратни и ќе има панорамски поглед на градот.
Само спалната соба во главната куќа ќе се простира на 5.000 метри квадратни или доволно простор да собере 400 луѓе.
Вилата ќе вклучува и гаража за 30 автомобили, IMAX кино со капацитет од 45 седишта, ноќен клуб, казино и аквариум со медузи со големина на една просечна соба.
Поседот ќе располага и со три помали куќи, четири базени, инфинити базен долг 54 метри и вештачки тревник со должина од 610 метри.