Нивеа се ребрендира

96

niveaПопуларниот козметички бренд Нивеа ќе го менува графичкиот дизајн на производите за нега на лице и тело и ќе им се врати на визуелните корени – бели букви на син круг.

Оваа работа германската компанија Beiersdorf, која ја поседува Нивеа, одлучи да му ја препушти на швајцарскиот дизајнер Ив Бехар, кој ќе треба графички да изедначи 1.600 производи на овој бренд.

Бехар го редизајнира логото од 1925 година. Новото лого ја користи лименката од кремата како заштитен знак, со заоблени контури на новата паковка, на која е ублажена сината боја. Тркалезните капачиња со релјефниот знак на Нивеа се понавалени кон купувачот.

“За разлика од другите брендови за нега на кожата, Нивеа не е насочена кон специфична култура, пол или старосна група. Овој проект ме привлече поради огромниот емоцијален потенцијал на брендот Нивеа и неговото стогодишно наследство”, изјави дизајнерот.

nivea 1

Фото: Fuseproject