Што треба да знаете ако работите во кол – центар

76

slusalka

Фото: Pexels

Иако навидум изгледа лесна, работата во кол – центар не е ни малку едноставна. Особено ако зборувате со нервозна личност. Но, за секој проблем постои решение.

Еве како да си го олесните стресниот ден на работа.

Стремете се кон добри резултати

Кол – центрите ги снимаат разговорите според кои се проценува вашата изведба и секоја компанија за овој вид на работа има и свој водич според кој треба да се придржувате. Почитувајте ги правилата на комуникација што се дефинирани од страна на работодавачот за да добиете добри оценки при евалуација на работата.

Почитувајте ги клиентите без оглед на сè

Не постои друг начин. Постојат клиенти/корисници кои можат да бидат непристојни, па дури и да сакаат да се расправаат. Замерките за компанијата едноставно ќе ги истурат врз вас. Многу е важно да не возвраќате со иста мера, без оглед на сè.

На пример, можете да си замислите дека сте психолог или актер – на тој начин ќе создадете дистанца и зборовите на бесниот корисник нема да ве погодат. Добро проучете ги правилата што работодавачот ги има за вакви ситуации и придржувајте се кон нив. Задржете го смирениот тон и реториката и голема е веројатноста дека и личноста од другата страна на слушалката ќе се смири.

Научете да истовремено да пишувате и разговарате

Веројатно веќе сте ја совладале оваа вештина. Тоа ќе заштеди време и ќе го зголеми квалитетот на вашата изведба. Во случај сè уште да имате потешкотии, пробајте да вежбате дома.

Поставувајте прашања

Не претпоставувајте зошто корисникот се јавува. Тоа е од особена важност доколку треба да обезбедите техничка поддршка или да промените/активирате нова услуга.

Ова правило важи во секоја компанија: Не можете да ѝ помогнете на личноста што се јавува врз основа на претпоставки. Доколку не сте сигурни што сака корисникот можете да постапите вака: “Значи, како што разбрав имат проблем со… и сакате да… ” Така на корисникот му давате прилика да ве поправи и попрецизно да го дефинира своето барање.