Еве како паметните инвеститори профитираат!

Во последните недели, берзата поминува низ вистински ролеркостер. Трговските војни, новите царини, расправиите меѓу Доналд Трамп и претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, сето тоа заедно ги потресе глобалните инвеститори.

S&P 500 е во пад од околу 10% од својот врв во февруари, предизвикувајќи паника кај многумина. Сепак, експертите им порачуваат на младите и долгорочните инвеститори, не паничете, продолжете да инвестирате.

Зошто падот на берзата е можност за младите инвеститори
Ако планирате пензионирање за 30 или 40 години, моменталниот пад на пазарот е само минлива епизода. Историјата покажува дека токму ваквите падови биле идеални моменти за купување акции, по пониски цени, пишува CNBC.

Меѓутоа, ако штедите за краткорочни цели, како што се свадба, купување автомобил или стан – ситуацијата е поинаква. Инвестирањето во акции во тој случај може да биде ризично, бидејќи парите би можеле да изгубат вредност токму кога ви се најпотребни.

Доколку ви требаат парите за помалку од три години, експертите советуваат да не ги инвестирате заштедите во акции. Наместо тоа, разгледајте ги следниве опции:

Штедни сметки со висока камата – тие се безбедни, со каматни стапки над 4%.
Парични и краткорочни обврзнички фондови – особено оние што инвестираат во американски државни записи
Што ако штедите за нешто во следните 5 до 10 години?
Ако не сте сигурни кога точно ќе ви бидат потребни парите, можете да размислите за комбинација од:

Готовина
Краткорочни и среднорочни обврзници
Некои експерти дозволуваат и мал удел на акции во портфолиото, но со претпазливост – бидејќи падот на пазарот може да ги наруши вашите планови и да придонесе за губење на вашите заштеди.

Како што се приближува моментот кога ќе ви бидат потребни парите, се препорачува постепено да ги елиминирате акциите и да преминете на побезбедни опции, како што се готовината.

Заклучок: Не ризикувајте со краткорочни цели

Инвестирањето е долгорочна игра. Ако ви требаат пари наскоро, заштитете ги, не ги изложувајте на нестабилност на пазарот.

„Нестабилноста е цената што ја плаќаме за долгорочен раст, но станува опасна кога ви требаат пари брзо“, предупредува финансискиот советник Маркус Холцберг.