Редовното пиење вода претставува чекор до поздрав живот. Но, секојдневните обврски се главниот виновник што голем број луѓе се доведуваат до работ на дехидратација.
Од таа причина, тим од млади претприемачи од САД го создадоа првото паметно шише за вода HidrateMe.
Шишето, што собира 710 милилитри течност, е направено од специјална пластика што лесно се одржува. Сензорот во внатрешноста на HidrateMe следи колку вода пие корисникот во текот на денот.
Информациите се препраќаат до апликацијата за паметни уреди, по што го потсетува корисникот дека е време за пиење вода.
На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, овој креативен изум постигна огромен интерес. Досега 2.567 инвеститори вложија 191.821 долари за отпочнување со производство на ова паметно шише.