Бизнисмен од Кина плаќа 2,35 милиони долари за ручек со Ворен Бафет

85

bafet

Претседател на кинеска компанија што се занимава со развој на онлајн игри ќе плати 2.345.678 милиони долари за приватен ручек со милијардерот и филантроп Ворен Бафет, кој традиционално се одржува последните 16 години. Бафет традиционално секоја година преку аукција на eBay нуди ручек со оној што ќе понуди најмногу, а уплатените средства одат за Glide, хуманитарна организација која води низа програми за помош на сиромашните во Сан Франциско.

Од Glide велат дека Зу Је, претседател на компанијата Dalian Zeus Entertainment Co. со седиште во Пекинг понудил најмногу од 76-те наддавачи на пет дневната аукција што беше затворена во петокот вечерта, пишува Ројтерс.

Је има право да повика најмногу седум свои пријатели на ручек со Бафет во ресторанот Smith & Wollenksy на Менхетен. Бафет (84) на ручекот ќе зборува скоро за сè, за својот живот и филантропијата, освен за тоа што продава и купува.

Непрофитната организација Glide секоја година служи повеќе од 850.000 бесплатни оброци за сиромашните, обезбедува сместување за бездомниците и им нуди здравствени услуги.