Србија продава 21 воен комплекс

79

srpska vojska

Републичката дирекција за имот на Србија објави оглас за продажба на 21 воен комплекс, коишто не се неопходни за функционирање на српската војска, пишува Екапија.

На продажба ќе се најде воениот комплекс Таково, касарната во Чачак што содржат 52 објекти со вкупна површина од 23.087 метри квадрати, како и комплекс складиште во Вршац каде што има 12 објекти.

Голем број објекти во сопственост на српската војска во повеќе градови ќе бараат нови сопственици. Сите заинтересирани ќе може да ги разгледаат објектите на 15-ти и 16-ти јуни, а рокот за поднесување на понудите е 15 дена од денот на објавување на огласот.