HSBC ќе затвори 50.000 работни места ширум светот

39

Fea0007571_19.JPG

Една од најголемите банки HSBC донесе одлука за затворање на 50.000 работни места, како дел од планот за реструктуирање на глобално ниво, пишува Хуријет.

Банката планира целосно повлекување од Бразил и Турција, како и напуштање на Лондон како нејзино седиште. Со планот за реструктуирање се планира намалување на бројот на вработени во банката ширум светот за 25.000, додека исто толку ќе останат без работа во Бразил и Турција.

Во соопштението до берзата на Хонг Конг се наведува дека банката планира да заштеди пет милијарди долари трошоци за две години.

“HSBC презема огромно редизајнирање на бизнис портфолиото“, се вели во соопштението на банката, којашто оваа година одбележува 150 години од своето постоење.