Издавачката куќа Pequeno Editor од Аргентина креираше книга којашто откако ќе се прочита може да се насади во земја и да порасне како дрво, пишува порталот PSFK.
Програмата Tree book tree program на издавачката куќа ја издаде книгата под името Mi Papá Estuvo en la Selva (Мојот татко беше во џунглата). Книгата е наменета за деца од осум до 12 години.
Книгата со слики е направена од чиста хартија, еколошки бои, а страниците се рачно зашиени. Специјалните семиња jacaranda внимателно се ставени во страниците, за подоцна да пораснат дрвја.