Вилата е изградена во 2001 година во медитерански стил, зафаќа површина од 2.000 m2 и чини 20 милиони долари. Таа ги има сите погодности и удобности за уживање, а она што е најимпресивно е прекрасниот поглед на океанот.
На богато декорираниот прв кат се наоѓа мастер апартман со канцеларија, како и приватна библиотека со префинети рачно изработени дрвени панели и идеален поглед.
Имотот вклучува и базен којшто се наоѓа до морето наменет за летниот период и уште еден базен во дворот наменет за во зима. Тука е сместена и луксузна ложа и мини кујна.
Вилата се наоѓа на познатата Atlantic авенија во Њујорк. Последен пат е продадена во 2010 година по цена од 12 милиони долари.