Британската банка Barclays е во потрага по технологија, којашто ќе им овозможи на клиентите да комуницираат со робот за да може да реализираат финансиска трансакција, пишува CNBC.
Системот за вештачка интелигенција, како што е личниот асистент Siri на iPhone, може да се користи така што клиентите на банката може да му се обратат на роботот и да ги добијат потребните информации.
“За многу кратко време ќе навлеземе во светот каде што нема да има потреба од физички допир со уред за да се изврши одредена трансакција или да има потреба од компјутери“, вели Дерек Вајт, директор на одделот за дизајн и дигитални технологии на Barclays.
Оваа британска банка веќе подолго време инвестира во технолошки иновации, за што сведочат и повеќе мобилни апликации што се лансирани. Директорот Вајт во 2012 година беше одговорен за тимот што ја дизајнираше Barclays’ Pingit, апликација што им овозможува на клиентите од било која банка да исплаќаат пари преку нивните мобилни уреди дури и преку Twitter.