Бугарија ќе ги олеснува условите за работа на странци

49

vraboteni luge

Властите во Бугарија размислуваат за олеснување на условите за работа на странци во нивната земја, пишува порталот Mediapool.bg.

Се очекува рокот за издавање на сината карта за работа на странци да трае два, наместо шест месеци како досега.

“За мене е многу важно земјата да стане светска дестинација, којашто ќе се развива мошне брзо“, изјави вицепремиерката за европски политики на Бугарија, Меглена Кунева.

Таа изјави дека Националниот економски совет на земјата ќе ги разгледува законските измени за работа на странци во Бугарија, со коишто драстично ќе се скратат роковите за издавање на сината карта. Предвидено е и зголемување на времетраењето на оваа дозвола од една до три години, а поднесувањето на документите да биде преку едношалтерски систем.