Креиран првиот пост со Брајова азбука на Facebook

93

brajova azbuka post

Организација на лица со оштетен вид во Перу го создаде првиот пост на најпознатата социјална мрежа Facebook, користејќи ја Брајовата азбука, пишува порталот Creativity online.

Маркетинг агенцијата McCann Lima и Организацијата ја создадоа оваа кампања со цел и лицата кои имаат проблеми со видот да бидат дел од дигиталната ера.

Штом корисникот помине со глувчето на постот, следува преводот: Ние не сакаме вие да читате како нас, ние само го сакаме вашето внимание.