Австрискиот концерн Swarovski го запира производството во Тризен, Лихтенштајн и го преместува во Србија. Во текот на вториот квартал следната година, мануелното производство од Тризен ќе биде префрлено во Србија, соопштуваат од компанијата, јавува Танјуг.
Причина за ова е зголемувањето на трошоците на мануелното производство, пред сè поради укинувањето на фиксниот курс на швајцарскиот франк.
Поради запирањето на производството во Лихтенштајн, ќе бидат затворени најмалку 50 работни места.