Предолгото седење на столица е “убиец“ на здравјето на луѓето, чија работа е поврзана со долготрајно седење во канцеларија. По многуте маси и столчиња на кои може да се седи и вежба во исто време, пристигнува уште едно иновативно решение.
Се работи за Lean chair, столица којашто на корисникот му ја нуди неопходната подлога за грбот, во долниот дел е сместена платформа за нозе, а има и подлога за лап топ. Свој потпис на дизајнот на оваа столица го стави Вејн Јегер, кој на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, досега собра над 59.000 долари.
“Откако ги прочитав сите статии за тоа колку не е здраво долготрајното седење, сфатив дека не успевам доволно квалитетно да ги завршам работните обврски додека стојам“, вели Јегер. Тој нагласува дека со потпирањето на одредена коса површина, стоењето не е голем проблем, така што неговиот изум е комбинација од стоење и седење.
Столицата презема 25% од тежината и поради тоа го олеснува стоењето.