Чевлари од БиХ изработуваат чевли според фотографија

79

cevli spored fotografija

Раде Савиќ и Ивица Блажевиќ во нивната мала чевларска работилница во Бања Лука изработуваат чевли, коишто нивните клиенти ги носат во многу европски земји, како и во Австралија и Америка, пишува порталот Независне новине.

Тие се единствените чевлари, како што се наведува, во земјите од поранешна Југославија, кои може според фотографија да ги изработат посакуваните чевли по мерка. Сопствениот бизнис го започнаа пред девет години, откако останале без работа во Фабриката за чевли во Босна. Сега веќе имаат постојани купувачи, особено лица кои живеат во странство.

“Изработуваме чевли по нарачка за свадби, матури, театар, а тие се најчесто стари модели кои ги работиме десетина години наназад. Тоа што никој не изработува, тоа го правиме ние, а единствен проблем е набавката на репроматеријали“, вели Раде Савиќ, кој во оваа работа има 44-годишно искуство.

Најчесто купувачите им носат фотографии, бараат конкретни материјали и бои. Често пати од нив се бара да изработат модели на чевли, коишто се носеле пред 25 години.