Lucid Pipe: Производство на струја од водата што циркулира низ цевките

49

lucid energy

Компанијата Lucid energy има за цел да го искористи енергетскиот потенцијал на водата што се движи низ водоводните цевки за производство на евтина електрична енергија.

Инспирирани од побарувачката за евтина електрична енергија од обновливи извори, од компанијата го дизајнираа овој систем, којшто ја користи водата во цевководите без да го прекинува нејзиниот тек. Овој систем може да ја користи водата што струи низ цевководите, каналите за наводнување и во канализационите системи.

Силата на водата ги придвижува малите турбини, што се инсталираат во цевките, коишто потоа ја испраќаат енергијата во генератори кои ја произведуваат струјата и потоа ја пренесуваат во електричната мрежа.

Во градот Портланд се инсталирани турбините од овој вид, а резултатите покажуваат дека од произведената енергија може да се задоволат потребите на едно училиште или библиотека.

Главна предност на овој систем е во тоа што струјата може да се произведува постојано, бидејќи водата цело време циркулира низ цевките. Недостигот е во тоа што турбините може да произведуваат енергија само таму каде што водата тече гравитационо.