Италијанскиот производител на чоколадите Ferrero Rocher и Nutella се согласи да ја купи британската компанија Thorntons за околу 157 милиони евра, пишува Ројтерс.
Ова е прв договор на семејната компанија Ferrero по смртта на нејзиниот прв сопственик и најбогат човек во Италија, Микеле Фереро, кој ги избегнуваше аквизициите од овој вид.
Од италијанската компанија изјавија дека се подготвени да платат по околу две евра по акција, што е за 43% повеќе во однос на вредноста на акциите на Thorntons на затворање на берзата во Велика Британија во петокот.
Ferrero планира да ги разгледа можностите за намалување на трошоците на британскиот производител на чоколади, но ја отфрли можноста да ја затвори фабриката во централниот дел на Велика Британија.