Со цел да се промени начинот на градење и да се намалат трошоците, развиен е системот Moladi, којшто користи рециклирани пластични калапи, пишува Designindaba.
Инженерот Хени Ботес го осмисли системот Moladi, инспириран од недостатокот на средства, ограничениот временски период, неквалификуваната работна сила за изградба на објекти. Неговиот систем користи рециклирани пластични калапи со димензија од 30х30 сантиметри, со коишто може да се изгради куќа во рок од 24 часа. Секој од овие пластични калапи може да се искористи околу 50 пати.
Дури и неквалификувани работници може да ја изведат градбата, поради едноставниот начин на користење. За да се добие потребната цврстина на објектот може да се користи бетон. Moladi го намалува потребното време за изградба на објектот, истовремено скратувајќи ги трошоците.