БиХ: Компанијата Виолета отвора нов погон што ќе работи на соларна енергија, со нула отпад

57

violeta

Во Груде, БиХ, фабриката за производство на хигиенски производи Виолета отвори нов погон за производство на течни детергенти што во потполност работи во согласност со најсовремените светски стандарди.

Во рамките на овој проект, фабриката Виолета има сопствен извор на вода, соларно енергетско напојување, нула отпадни материјали, енергетски високо ефикасен процес, потполна автоматизација на одредени сегменти од производниот процес, јавува Радио Сараево.

Во фабриката ќе се произведуваат детергенти за рачно перење садови, детергенти за алишта, омекнувачи и средства за лична хигиена. Во рамките на фабриката се отвора и погон за производство на пелени според најсовремена јапонска технологија.

Виолета извезува во преку 15 земји, а во некои сегменти држи преку 50% удел на пазарот во БиХ. Има сопствени фабрики во БиХ, Словенија и Хрватска.