Германија го затвори најстариот нуклеарен реактор

49

nuklearka

Најстариот нуклеарен реактор во Германија е затворен во рамките на иницијативата до 2022 година да се изгасат сите нуклеарни постројки во земјата. Реакторот Графенрајнфелд во Баварија е стар 34 години, а со неговото гасење, компанијата E.ON ја исполнува законската обврска да се затворат сите комерцијални нуклеарни реактори до 2022.

Според т.н. енергетска транзиција, Германија до 2050 година треба најмалку 80% од енергијата да ја добива од обновливи извори.

Во 2011 година, по катастрофата во Фукушима, Јапонија, Германија затвори осум од 17 реактори.  Следни за затворање се два реактора во Гундреминген во Баварија, до крајот на 2017 година.