Градење доверба

63

doverba

Фото: Pixabay

Животот и работата се исполнети со голем број успеси, но и поголем број падови и неуспеси. Сето тоа влијае врз самодовербата, но и на следните достигнувања. Намалената самодоверба може да предизвика и психолошки проблеми кај секој од нас, повлекување во себе, депресии и тотална промена на целиот живот.

Кога се работи за градење на самодовербата, има многу работи што се особено мали и наполно незабележливи, но што можат многу брзо да ви помогнат. За да се излезе од таа „сива“ зона, луѓето мислат дека се потребни големи напори и промени, но најубаво е да започнете со мали промени кои ќе можете веднаш да ги примените.

Вежби

Кога гледате дека вашата самодоверба е намалена, станете физички активен. Почнете да работите на вежби што ќе го размрдаат вашето тело. Најдобро ќе биде да започнете со лесни вежби (многу пати сме ги споменале тука), со лесни прошетки, пливање, планинарење… Бидете повеќе насочени кон атлетски активности отколку кон активности за обликување на вашето тело.

Промена на опкружување

Моменталното опкружување ве поврзува со ситуацијата која довела до намалување на самодовербата. Потребно е, доколку можете, веднаш да направите промена. Промената може да биде од тотално менување на опкружувањето, промена на одреден период, до промена во самото опкружување. Ако можете да направите комбинација од неколку опции, би било најдобро да отидете неколку дена на планина, езеро итн., и да направите промена на предметите во работната средина или дома.

Нови работи

Монотонијата, можно е да ве доведе до ситуација во која се наоѓате. Доколку можете, започнете со некои нови работи и активности, сосема различни од она што сте го правеле претходно. Опција е и да ги правите работите што до сега сте ги правеле, но на тотално различен начин.

Прекинете да се сомневате во себе

Не велам дека треба да прекинете 100% да го слушате тој внатрешен глас, но почнете да работите на промена на оние работи кои доведуваат да се сомневате во себе. Но, ако сте забележале дека се вртите во круг и дека довербата во себе е нарушена поради некоја работа, тогаш имате две опции:

А. Направете нешто околу тоа таа работа да ја снема или

Б. Прифатете ја и пробајте да живеете со неа!

Немојте да дозволите да се вртите во круг и тоа да ви предизвикува дополнителен стрес, а со тоа и дополнително намалување на самодовербата. Кога веќе знаете за што се работи, тогаш имате избор.

Социјални медиуми

Немојте да се криете зад нив и да живеете во лажен свет. Социјалните медиуми можат да бидат многу опасни за овој период од вашиот живот затоа што може да ви дадат лажна надеж која во реалниот свет не е толку розова како што изгледа таму. Бидете внимателни и намалете ја вашата ангажираност во овие медиуми.

Промени кај вас

Кај многу луѓе помагаат промени што ги прават на себеси. Промена на боја на коса, должина на коса, промена на облека, стил на живеење итн., сето тоа може позитивно да влијае врз вашата самодоверба.

Вие самите најдобро се знаете себеси и најважно од сè е да не се доведете до ситуација која ќе влијае врз вашата самодоверба. Учете од работите што влијаеле на намалување на вашата самодоверба и гледајте да не ги повторувате. Но, ако веќе сте дозволиле тоа нешто да влијае врз вас, веднаш започнете со некои од погоренаведените работи. Не дозволувајте да ескалира вашата состојба.

Со успех во промените.