Германскиот моден бренд Hugo Boss најави дека целосно го исфрла од употреба крзното од своите колекции, почнувајќи од оваа есен, пишува Express.co.uk.
Одлуката на Hugo Boss наиде на позитивни коментари од страна на организациите и здруженијата за заштита на животните. Овој германски луксузен бренд се најде на листата на модни компании што се откажаа од употребата на крзното заедно со Tommy Hilfiger, Calvin Klein, Zara, Asos и Стела МекКартни.
“Цврстата заложба на Hugo Boss целосно да го отстрани од употреба природното крзно е силна порака за останатите луксузни брендови“, вели Клер Бас, извршен директор на хуманитарната организација Humane society international- UK.
Според Бернд Келер, креативен директор на одделот за спортска облека на Hugo Boss, истражувањата на мислењето на купувачите покажуваат дека тие повеќе ги ценат квалитетот и оддржливоста, а со висока оценка е оценета заштитата на животните.